Тарчуловски со низа проекти за Кисела Вода: Во програмата е опфатена секоја педа од општината

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски денеска изјави дека неговата визија и цел е од Кисела Вода да направи модерна и мултифункционална општина.

-Нудиме програма која носи просперитет и развој. Програма со која секоја педа од Кисела Вода е опфатена. Програма со која и руралниот и урбаниот дел од општината ќе блеснат во полн сјај кој го заслужуваат. Со чесна работа, искрена мисла и чисто срце, заеднички и сложно Кисела Вода ќе ја внесеме во Новата Ера, истакна Тарчуловски.

Тој денеска презентираше дел од неговата предизбора програма.

-Изградба на две нови детски грaдинки во населбите, Расадник и Драчево. Комплетно опремени со најсовремена опрема и специјализирани сензор соби за децата со пречки во развој. Изградба на нова училишна спортска сала во ООУ „Рајко Жинзифов“. Бесплатни градинки и дневен престој за децата од еднородителски семејства, со цел заштита на оваа кревка и ранлива категорија. Изградба на спортскиот рекреативен комплекс Славија на местото на сегашното фудбалско игралиште, во населено место Пржино. Комплекс кој ќе содржи фудбалски, кошаркарски, ракометни, тениски терени како и стаза за трчање. Финансиската помош на спортските клубови за поттик на нивниот развој, најави кандидатот за градоначалник.

Посочи дека со проектот „Спортуваме и другаруваме“ во спортот активно ќе бидат вклучени децата со посебни потреби преку прилагодени спортски содржини за нив.

-Изградба на три тениски терени, пет баскет игралишта како и фитнес терени на отворено на неколку локации на територијата на општина Кисела Вода. Израдба на велосипедска патека и субвенции до 3.000 денари за велосипеди. Изградба на монтажна катна гаража во населбата Расадник како и нов детски парк. Изградба на повеќе мини детски паркови во урбаните делови на општината. За младите, за иднината на Кисела Вода, ќе отвориме Деловно – Технолошки инкубатор, преку кој ќе се обезбеди помош на лица до 29 години за  започнување и развој на својот бизнис и поттик и финансиска поддршка на нивните иновативни проекти. Со воведување на Регистар за компании и невработени, ќе го зајакнеме економскиот стандард на нашите граѓани и општината, на тој начин што ќе посредуваме за вработување на жителите од Кисела Вода во компаниите кои гравитираат на нашата територија, најави Тарчуловски.

Нагласи дека не ги заборава и пензионерите, додавајќи дека ќе бидат активирани пензионерските клубови и ќе биде воведен бесплатен интернет во нив. Тој рече дека ќе се изградат пензионерски катчиња во парковите со поставување на шаховски ѕидани маси и пинг понг маси.

-Ќе организираме бесплатни екскурзии за пензионерите на Кисела Вода како и натпревари помеѓу пензионерските клубови. Ќе ја завршиме изградбата на третата фаза од најфрекфентниот  бул. „Борис Трајковски”, на потегот од Пинтија до Маркова Река во соработка со Градот Скопје. Ќе донесеме неколку клучни Детални урбанистички планови и ќе ја убрзаме и финализираме легализацијата на дивоградбите. Ќе извршиме реконструкција и асфалтирање на скоро сите улици, улички и локални патишта  во општина  Кисела Вода. Голем акцент во нашата програма ставаме на зазеленување на општината преку хортикултурно уредување на старите и градење на нови паркови. Ќе изградиме парк за домашни миленици. Ќе ја подобриме инфраструктурата преку изградба на нови водоводни мрежи, атмосферски и фекални канализации, најави кандидатот Тарчуловски.

Рече дека граѓаните знаат да препознаат работата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е видлива и мерлива.

 

 

 

29.09.2017 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега