Захариев: Ќе се уредуваат дворните места околу станбените згради

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев денеска најави дека по принципот на уредувањето на паркинг просторот околу зградите кои се наоѓаат кај Економскиот факултет во Штип, ќе се уредуваат и дворните места околу зградите во централниот дел на градот, населбите „8 ми Ноември“, „ Баби“, „Автокоманда“ и „Сењак“.

– Во последните 50 години дворовите не беа уредени, ќе направиме нови паркинг места, ќе ги средиме влезовите и ќе уредиме зелени површини во сите тие населби, бидејќи граѓаните заслужуваат да имаат уредени населби. Ова е реално ќе го изведеме уште првите шест месеци идната година, рече Захариев на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека локалната власт наредната година ќе се изградат тротоарни површини, каде што граѓаните си платиле комуналии, а ќе се реконструираат и старите тротоарни површини, со цел пешаците безбедно да се движат по нив.

Захариев и носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ за општина Штип, Иван Јорданов денеска имаа средба и со претставниците на здруженијата со телесен инвалидитет. Јорданов истакна дека нивните предлози ќе бидат нотирани, и оти како советници ќе се залагаат да бидат и реализирани. 

 

 

 

29.09.2017 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега