Ѓорѓиевски: Ревитализација на паркови и споменици, изградба на 50 детски игралишта во Куманово

Ревитализација на постојните паркови, градски парк Куманово, парк Соколана и изградба на нов парк, најави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, Зоран Ѓорѓиевски.

-Освен тоа во нашата програма имаме ревитализација на спомен костурницата и ревитализација на споменик Менкова Колиба, студена вода и на другите споменици низ градот Куманово. Освен тоа во претстојниот период најавуваме изградба на 50 мини детски игралишта во сите делови на кумановската општина и во урбаните делови на Куманово, истакна Ѓорѓиевски.

 

Ѓорѓиевски со богата програма ја бара довербата од сограѓаните на претстојните локални избори.

 

 

 

29.09.2017 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега