Трајковски: Заеднички со граѓаните во изминатите четири години реализиравме се што им ветивме во изборната програма

Благодарение на заедничката соработка со граѓаните, месните и урбаните заедници реализиравме голем број на проекти и ние имаме една пракса она што ни е ветено постојано да потсетувам до каде е со реализацијата, вели кандидатот за градоначалник на Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски во гостувањето во емисијата „Алфа Скоп“ на телевизија Алфа.

-Прво на секој две недели во електронска форма разгледувам што од проектите што се ветени е направено и до каде е направено, изборната програма постојано ја носам со мене за да се потсетуваме до каде сме затоа што минатиот мандат беа планирани околу 315 проекти, а реализиравме 192, но реализиравме и 76 проекти кои што не беа во изборната програма, а тековно ги побараа граѓаните. Така да имаме точен податок кога точно треба да се реализираат тие проекти и нивната динамика, некој проект можеби сме го задоцниле поради одредени причини, но сепак се што беше ветено беше реализирано.

Тој во иднина вети  подобри услови за живеење на за сите граѓани во општината Гази Баба како и тоа дека општината ќе добие европски лик.

 

 
 
 

 

 

29.09.2017 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега