Темелковски: Кисела Вода ќе биде општина по европски терк

Со добро менаџирање на општината ќе создадеме позитивна клима и за вработените во администрацијата и за граѓаните. Граѓаните ќе ги добијат сите потребни услуги на едно место. Со компјутерско поврзување на исто место ќе може да добиваат услуги, и од органите на локалната, и од органите на централната власт, изјави кандидатот на СДСМ за општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Тој најави воведување електронски систем на услуги и мобилни канцеларии, како и техничко опремување на месните и урбаните заедници со што ќе се зајакне нивниот правен статус.

Темелковски исто така најави вклучување на граѓаните во креирањето на буџетот, во носење клучни одлуки и во целосна контрола на локалната власт. - Воведуваме строго наменско, транспарентно, домаќинско и одговорно користење на буџетските средства, преку редовно известување за сработеното, и преку отчетност до секој граѓанин на општината, додаде Темелковски.

 

 

 

29.09.2017 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега