Груевски: Ние се занимаваме со суштинските работи и решавање на суштинските проблеми на граѓаните

Кратко време по доѓањето на новата власт, сите сфативме дека таа власт не ја бива и дека нема да трае долго. Не е случајно што во минатите 11 година ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ победуваше на 10 изборни циклуси по ред. И во декември победивме, тоа што составија влада сите знаеме зошто и кој им ја состави, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржа во Бутел.

-Сите се уверивме во овие четири месеци помрачување што ја снајде Македонија дека оваа нова власт ниту сака, ниту знае да направи нешто корисно за народот. од овие причини уште во првите недели по нивното влегување, ние се фокусиравме да седнеме, да разговараме, да ги искористиме сите можно капацитети и да создадеме една нова визија за Македонија по заминувањето на оваа вештачки залепена власт. Нова визија за наредната декада која ја нарековме „Нова ера“ за Македонија, истакна Груевски.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека новата ера, која брзо ќе дојде особено по изборната победа на 15-ти октомври, предвидува нова етапа во развојот на Република Македонија и во решавањето на најгорливите проблеми на граѓаните.

-Предвидуваме да се затворат многу крупни прашања. Додека оваа сегашна власт само зборува, а не прави никакви реформи, додека се занимава со работи со кои не ги требало да се занимава една нова власт од типот што да срушат од претходните, каква политичка хајка да направат, ние оценивме дека на овој народ најважно му е она што најмногу го тишти, невработеноста, нискиот животен стандард…ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш беше фокусирана на работа, да се реализира тоа што е ветено, неуморно работење, но и создавање услови за вработување. Предвидовме дека во наредната декада ќе се отворат најмалку 150.000 нови работни места во Македонија. Ние се занимаваме со суштинските работи и решавање на суштинските проблеми на граѓаните, а една од тие е отворањето на новите работни места, вели Груевски.

 

 

 

29.09.2017 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега