Лазаревски: Во соработка со Јакимовски направивме многу за Карпош, поради тоа ја бараме вашата поддршка

На централниот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во скопски Карпош се обрати и Сашо Лазаревски, носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во оваа скопска општина. ТОј кажа дека е горд што тука е пред неговите соседи, пријатели и карпошани, напомена дека во соработка со Стевчо Јакимовски и ГРОМ, направиле многу за Карпош.

-Затоа сме тука да ја побараме вашата поддршка и за овие локални избори. Изминатите четири години се работеше макотрпно, неуморно, се потроши многу енергија и многу време, но на крајот вредеше. Конструктивната соработка меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и коалцијата во советот предводена од ВМРО-ДПМНЕ резултираше со стотина проекти во нашите маала, изјави Лазевски.

 

Тој кажа дека секое катче во Карпош имало инвестиции, секаде каде што барале жителите на Карпош. Напомена дека општината ги сменила старите и небезбедни лифтови, биле сменети со нови.

Тој кажа дека при крај со изградбата е црквата, која ја бараат верниците на Карпош 3 и 4, а во наредната програма се планираат уште две во општината.

-Поради тоа ја бараме вашата поддршка за нови проекти кои може да ги видите во нашата заедничка програма за наредниот четиригодишен мандат. Граѓаните веќе знаат дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го стави во програма, со сигурност го исполнува и по тоа се разликуваме од нашиот противник, изјави Лазаревски.

Тој кажа и дека поради се што има направено во изминатиот период, Скопје го има најдобриот градоначалник, Коце Трајановски, како што кажа Лазаревски проектите кои ги има нправени сами зборуваат за него. Тој благодарност упати и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој многу помогнал многу за подобрување на животот во Карпош.

 

 

 

 

29.09.2017 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега