„Оваа држава е на овој народ, на никого друг, и треба да се штитат и бранат неговите интересите“

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во скопски Карпош, пред граѓаните се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој на граѓаните им порача дека овие избори на 15-ти октомври, не се само локални избори за избор на градоначалници, ова се многу повеќе од тоа, ова ќе биде порака на народот за четири месечното помрачување, смета Груевски.

-На силата на овие што го донесоа помрачувањето, ќе им одговори силата на народот, тоа ќе биде 15-ти октомври. Погледнете како се обидуваат да носат неуставни закони, па она со мигрантите, прво викаа не е точно, па им излезе онаа стратегија што ја извадија, стратегија за мигранти. Еве јас ќе ви кажам што е работата, нас ни бараа 150.000 мигранти да се доселат во Македонија, да им се обезбедат живеалишта, да им се обезбеди работа, да им се обезбедат државјанста и да им се помогне да се вклопат во системот, да го научат јазикот итн. Нашиот одговор беше, ние немаме ништо против мигрантите, напротив, додека поминуваа низ Република Македонија им помагавме, со хуманитарна помош, здравствени прегледи, се што можеше да им се помогне им се помогна, изјави Груевски.

 

Но, како што кажа Груевски ниту тие сакаат тука, ниту пак Македонија како држава може економски да го издржи тоа.

-Не можеме за нашите луге да обезбедиме работа, а камо ли за уште 150.000 мигранти. Многу е лесно човек да дојде на власт или да го донесат како што е моментално и да се додворува на надоврешните сили, со тоа што ќе работи спротивно на интересите на својата држава. На тој начин сите ќе го тапшаат по рамо, сите ќе му честитаат, секаде ќе го прават ѕвезда, ќе му помагаат и на домашен план, но тоа не е фер однос кон сопствениот народ, кон сопствената држава. Оваа држава е на овој народ, на никого друг и треба да се штитат и бранат интересите на овој народ, изјави Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека на 15-ти октомври народот ќе им покаже што мисли за начинот на кој тие пробуваа да го прикријат своето неработење, својата неспособност, своите манипулации, со почнување различни хајки врз опонентите.

-Народот ќе си го каже своето мислење и за очигледниот, евидентниот притисок врз медиумите што го прават, евидентниот и очигледен притисок врз судиите,за 15-20 дена имаме 15 кривични пријави врз судиите кои треба да судат, притисокот врз администрацијата, а најмногу од се притисокот кој го прават кон странските инвестиции, изјави Груевски.

 

 

 

29.09.2017 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега