Партиите, коалициите и независните кандидати и викендов на митинзи - еве каде ќе се митингува

 

Партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори на 15 октомври, денеска на шестиот ден од кампањата ќе одржат митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места низ Македонија.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средба со граѓани во Росоман и митинзи во Демир Капија, Неготино и Кавадарци.

Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Гостивар и Тетово.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе има предизборни активности во Брвеница иТеарце.

Кампањата за првиот изборен круг почна на 25 септември, а ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот. 

 

 

 

30.09.2017 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега