Алексовски најавува нови инфраструктурни проекти во Крива Паланка

Кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски денеска најави нова прешачко-рекреативна патека.

– Потегот Висока зона – Лев брег каде што сакаме да направиме една рекреативна патека по која граѓаните ќе можат да се рекреираат. Тоа е врз цевководот кој го направивме за Висока зона – Лев брег. Патеката ќе биде со бекатон плочки, со пропратни содржини, клупи, места за одмор, за рекреација, осветлена ќе биде, каде што граѓаните ќе може навистина да се чувствуваат и да имаат убав амбиент, истакна Алексовски.

 

Посочи дека во неговата програма е предвидена регулација на Бабин дол, односно покрај новиот пат до манастирот Свети Јоаким Осоговски, како и пешачка патека во тој дел на патот до кривината.

 

 

 

30.09.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега