Трајановски предлага проект за зголемување на безбедноста на посетителите и поголема заштита на Парк шумата Водно

За зголемување на безбедноста на посетителите, а воедно и поголема заштита на Парк шумата Водно, предлагам забрана на движење на приватните возила за време на викендите, истакна Коце Трајановски, кандадат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

-За реализација на проектот ќе се обезбеди бесплатно паркирање на паркинг-просторот пред НИП „Нова Македонија“ и во катната гаража „Македонска фаланга“, а ЈСП ќе обезбеди поредовни автобуски линии до Средно Водно и назад. Секогаш работа, секогаш Скопје, секогаш Македонија, напиша Трајановски на својот Фејсбук профил.

 

 

 

 

01.10.2017 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега