Мисајловски: Целта ни е да нема неасфалтирана улица Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска изјави дека инфраструктурата во општината ќе биде главен приоритет.

Ќе имаме преку 100 нови асфалтирани улици во Ѓорче Петров. Но, ќе имаме посебен сегмент и акцент токму во руралниот дел, особено во Даме Груев, во Волково, Ново Село, Кисела Јабука, во Стопански Двор, Кучково, Никиштани и насекаде. Ќе бидеме присутни насекаде. Целта ни е да нема неасфалтирана улица во Ѓорче Петров. Ние ова го ветуваме, јас и мојот тим ова ќе го исполниме. За брзо време ќе почне градежна експанзија во Ѓорче Петров, истакна Мисајловски.

 

Посочи дека граѓаните ќе видат оти сите улички кои им се потребни ќе бидат завршени.

 

 

 

01.10.2017 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа