Костовски: Бутел ќе прерасне во спортска општина

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски денеска најави дека Бутел ќе прерасне во спортска општина.

Во мојата програма се предвидени над 20 проекти за спортот. За рекреативците ќе изградиме модерни мини баскет игралишта во секое населено место. Ќе изградиме улични фитнес зони исто така, во секое населено место. Ќе изградиме повеќенаменско игралиште на улицата „Лопушник“. Ќе ги вклучиме лицата со посебни потреби со посебна програма. Ќе изградиме планинска стаза за спортско искачување на Скопска црна гора во селото Љубанци, најави Костовски.

Рече дека за спортистите ќе се направи модерен спортски комплекс кој ќе опфати тениски, фудбалски, кошаркарски игралишта и ќе има стаза за трчање. Предвидено е тоа да се направи во населеното место Расадник.

-Достапни спортски сали за спортските клубови. Ќе доделуваме стипендии за најуспешните спортитсти. Ќе реализираме проект „Спорт за секако“. Професионалници ќе го доближуваат спортот до најмладите со посебна програма. Директна финансиска поддршка за најдобрите спортски клубови. Ќе органазираме маратон под името „Го сакам Бутел“ и многу други проекти. Почитувани бутелчани, заокружувајќи го бројот 13 гласате за нова ера во Бутел, за спортска општина која сите ќе не направи горди. Силата е во младите, силата е во спортот. Стабилна младина – стабилна општина, нагласи Костовски.

 

 

 

01.10.2017 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега