Коневски: Ќе се обноват сервисните улици и паркиралишта во населбата Јане Сандански

Актуелниот и кандидат за градоаналник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски на почетокот на втората недела од кампањата за претстојните локални избори, во населбата Јане Сандански го промовирше проектот предвиден за целосна реконструкција на сервисните улици меѓу зградите во оваа населба, како и обележување на нови паркинг места.

-Доколку ја добиеме довербата од граѓаните, во оваа населба, исто така, ќе реализираме и низа комунални проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот, меѓу кои поправка на плочниците меѓу зградите и оштетените пешачки патеки. Со оглед на фактот што овој дел од општината изобилува со зеленило, ќе изградиме и систем за наводнување со што ќе се олесни неговото одржување, истакна Коневски.

Тој додаде дека и во делот на спортот и образованието, предвидена е реконструкција на подовите во ОУ „Љубен Лапе“, кое се наоѓа во оваа населба, реконструкција на детските и спортските игралишта, како и изградба на парк за миленици.

 

 

 

 

02.10.2017 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега