Поповски: Пехчево ќе го направиме современа општина која ќе биде прекрасно место за живеење и атрактивна туристичка дестинација

Јас и мојот тим силно ќе се залагаме во општина Пехчево да обезбедиме подобар живот за нашите сограѓани преку изградба на инфраструктура и заштита на животната средина, како и преку развој на спортскиот дух, урбанизацијата на општината и развој на туризмот. Граѓаните знаат дека тоа што го ветуваме и ќе го оствариме. Досегашната наша работа е најголемиот гарант за тоа, изјави кандидатот за градоначалник на Пехчево од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Поповски.

Тој напомена дека нивните проекти се директно решение за потребите на граѓаните, произлезени од барањата на граѓаните.

 

Поповски кажа само дел од проектите кои се планирани за граѓаните на Пехчево.

1. Изградба на градски базен во Пехчево, со реализацијата на овој проект ќе се овозможи граѓаните од сите категории, од најмладите до највозрасните да уживаат во благодетите на еден од најздравите спортови како и за поуспешно развивање на туризмот

2. Реконструкција на кејот на Пехчевска река во Градот Пехчево и регулација на речното корито со што ќе се спречи излевањето на водата од коритото и поплавувањето на земјиштето.

3. Целосна реконструкција на уличната мрежа во Пехчево односно асфалтирање и обновување на сообраќајната мрежа во градот.

4. Изградба на мост во Пехчево и поврзување на улица Првомајска со населбата Говедарник со што ќе се овозможи слободно, непречено и безбедно движење на граѓаните од едната на другата страна на реката Писа.

5. Реконструкција на пристапниот пат до Панчарево со што ќе се овозможи скратување на времето на патување.

6. Доуредување на селските водоводи во с. Панчарево со што целосно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето и граѓаните од селото ќе пијат чиста и здрава вода.

7. Изградба на водовод во село Црник со што ќе биде решен проблемот за добивање на чиста и здрава вода за пиење.

8. Реконструкција на локалниот пат Чифлик-Умлена-Робово за обезбедување поголема безбедност и олеснет пристап на населението.

9. Изградба на нови 4 улици во село Робово и село Умлена со што ќе се обезбеди полесен пристап и безбедни улици.

10. Реконструкција на локалниот пат кон туристичката населба Равна Река кој опфаќа реконструкција во должина од 12 километри кој е од голема важност за развој на туризмот во општината.

-Програмата што ја нудиме е реална, остварлива и базирана исклучиво на потребите и барањата на жителите на Општина Пехчево. Затоа без сомнение нашата општина ќе ја направиме современа и ќе биде едно прекрасно место за живеење во Македонија, а секако и атрактивна туристичка дестинација. Секогаш работа, секогаш Пехчево, секогаш Македонија е нашиот слоган. Работата е на прво место, потребите на граѓаните се наш приоритет, изјави Поповски.

 

 

 

 

02.10.2017 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега