Пенков: Заеднички да ја направиме општина Неготино посакувано и најдобро место за живеење во Македонија

Кандидатот за градоначалник за Неготино од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков, вели дека Општина Неготино ги има сите предуслови да ја направат уште подобро и уште подостоинствено место за живеење. Тој вели дека со неговиот тим имаат јасна визија за општина Неготино.

Пенков кажа дека Неготино ја гледа како општина со сите обележја на урбана и модерна средина во која секој граѓанин има простор да твори и придонесува.

Тој наброја и дел од приоретните проекти со кои ќе се реализира визијата за Неготино.

1. Дозавршување на проектите за комплетно решавање и подобрување на водоснабдувањето во Неготино преку реконструкција на воводоводна мрежа на 5 улици во градот, доведување на дополнителни 30 литри вода во системот и изградба на филтер станица.

2. Приоритет во општина Неготино е и асфалтирање на улици во градот Неготино и сите населени места.

3. Следен приоритет е обезбедување и регулирање на паркинг простор во центарот на Неготино со што ќе се реши сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

4. Заради побезбедно регулирање на сообраќајот, следно е изградба на кружни текови и тоа: на влезот на Неготино кај СРЦ „Младост“, во центарот на градот и на излезот од градот кон општина Кавадарци.

5. Во село Тремник асфалтирање на главната улица, додека во село Војшанци асфалтирање на пристапна улица, како и поставување на фекална канализација за с. Црвени Брегови и с. Дуброво.

6. Приоритет ќе ни биде и уредување на централното подрачје во селата Криволак, Тремник и Курија со асфалтирање и поставување на урбана опрема и паркови.

7. За да Неготино добие модерен пазар, реконструкција на Градски пазар Неготино со обезбедување на покриена конструкција и нови тезги е повеќе од неопходна.

8. Поради зголемениот број на работни места во последниве години, благодарение на раздвижувањето на пазарот на работна сила и инвестициите во Република Македонија, повеќе од видлива е потребата за зголемување на капацитетите на детската градинка во Неготино. Затоа ќе ги зголемиме капацитетите на детската градинка и ќе создадеме услови сите дечиња да бидат грижени и повеќе да нема листи на чекање.

9. Се со цел да се обезбеди повисоко ниво на комунална услуга спрема граѓаните, ќе направиме набавка на возила и комунална опрема за потребите на ЈП Комуналец.

10. Спортувањето и рекреацијата стануваат дел од секојдневното живеење на граѓаните на општина Неготино. Затоа ќе се реконструира Градскиот стадион Неготино и СРЦ „Младост“ Неготино се со цел понатамошен развој на спортот и други рекреативни содржини во Неготино.

-Ова се само дел од проектите содржани во нашата Програма за работа. Програмата што ја нудиме е остварлива, реална, јасна и прецизна и во неа се содржани потребите и барањата на граѓаните од општина Неготино. Општина Неготино поседува соодветни човечки ресурси и добра инфраструктура. Јас и мојот тим со добра организација, добра координација и домаќинско работење максимално ќе овозможиме истата да се реализира во целост. Нудиме реална Програма, нудиме работа, нудиме резултати, како и можност заеднички да ја направиме општина Неготино посакувано и најдобро место на живеење во Република Македонија, изјави Пенков.

 
 

 

 

02.10.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега