Степановски: Нашата советничка листа ќе биде тимот што ќе работи за Битола во нова ера

Нашата советничка листа ќе биде тимот што ќе работи за Битола во нова ера, за Битола каква што сакаат да ја видат сите битолчани. Овие локални избори се исклучително важни за иднината на нашиот град, истакна на денешната прес-конференција Горан Степановски, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола.

Степановски нагласи дека нивната посветеност и борба за Битола ќе продолжи после 15 октомври со уште поголема енергија, креативност и посветеност. Ние младите генерации на Битола сакаме и се заложуваме да работиме за подобро утре и за иднина во Битола.

-Битола – спортски град е наша и желба на сите битолчани. Токму затоа, наша одговорност беше желбата да стане реалност. Движејќи се во оваа насока, презедовме низа чекори со кои овозможивме финансиска поддршка на спортистите и спортските клубови, изработивме проекти и ја започнавме нивната реализација. Континуитетот ќе овозможи реално, комплетно остварување на спортската идеја, која е носечка за понатамошен развој на спортот во Битола. Ќе продолжиме да работиме во таа насока, ќе го имплементираме проектот за изградба на нови спортски игралишта во руралните населби со кој се предвидени игралишта во Кравари, Горно Оризари, Долно Оризари и др места каде што општината има планска документација. Согласно изработената сообраќајна студија, општината ќе продолжи со изградба на велосипедски патеки на улицата Васко Карангелевски и други места. Со цел стимулација на понатамошен развој на спортот, стимулацијата на спортските успеси на Битола ќе се обезбедува  финансиската поддршка на спортските клубови, истакна Степановски.

Тој вели дека продолжуваат да работат на остварување на реални проекти и реални резултати.

-Нашата програма е одраз на потребите на сите битолчани, затоа што Битола е на сите! Битолчани добро знаат кому ја даваат својата доверба, и тоа ќе го потврдат уште еднаш на 15-ти октомври, потенцира Степановски.

 
 

 

 

02.10.2017 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега