Георгиоски: СДС по којзнае кој пат ги излажа граѓаните со носење популистички закон

Сакаме да разобличиме уште една од многуте лаги на СДС! Лага кажана пред парламентарните избори во 2016-та, а која деновиве e целосно разобличена. Ветија дека материјално ќе ги обештетат сите стечајни работници! Лага! Законот за стечајци на СДС опфаќа многу мал број на луѓе, а од нив ниту еден од Прилеп, истакна на денешната прес-конференција Александар Георгиоски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Работниот однос ќе се утврдува со М1 и М2 образец, а постапката за докажување на стажот ќе биде тешка затоа што електронска евиденција во Македонија има од 2000-та година па наваму! Потребно е работникот да има 15 години работен однос во претпријатие со доминантна државна сопственост. Тие 15 години да нема променето работно место, т.е. сите тие години стаж да се во едно државно претпријатие. Едно од оние кои ги затвори токму СДС, вели Георгиоски.

Тој посочува дека луѓето кои би ги опфатил овој закон мора да се на возраст од најмалку 52 години за жени и 55 години за мажи на денот на влегување во сила на овој закон.

-Периодот за поднесување на барање за материјално обезбедување по однос на овој закон е една година и притоа намерно е оставен олку долг период! Ова е само еден популистички закон, со кој сакаат да манипулираат за локалните избори, а за тоа дека луѓето одново ќе се бидат повредени од СДС, не размислуваат. Овој е закон донесен наменски за еден мал број на луѓе блиски до СДС. Но, овој закон не опфаќа ниту еден стечаен работник од Прилеп. Нашите информации кажуваат дека во Прилеп до сега во Агенцијата за вработување над 200 лица само за неколку дена поднесле документи за материјално обештетување по однос на овој закон! За жал законот не опфаќа ниту еден од нив, вели тој.

Горгиоски ги повикува Хари Локвенец, Кети Смилеска, Илија Јованоски и Миле Талески да кажат пред целата прилепска јавност дека овој закон го користат само за манипулација со прилепчани! А, ако се обидат да не демантираат, тоа единствено ќе биде релевантно, само доколку најдат макар и еден стечаен работник и ги покажат документите на работникот од Прилеп, кој со овој закон ќе биде обештетен!

-Повторно велам: За жал, овој закон не важи за стечајните работници од Прилеп! Граѓаните на Прилеп ги прочитаа лагите на СДС! Затоа сите заедно, референдумски на 15-ти Октомври ќе го дадеме својот глас за број 13, за ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески! Референдумски за работа! За Прилеп! За Македонија, посочи Георгиоски.

 
 

 

 

02.10.2017 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега