Коневски до Марин: СДСМ лажно се грижи за загадувањето, во Буџетот не оставивте ниту денар за подобрување на животната средина

Кандидатите за градоначалници на општина Аеродром, Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ и Златко Марин од СДСМ, вечерва ги судрија ставовите на Канал 5 телевизија.

Марин го обвини Коневски за загадениот воздух во општината, на што Коневски одговори дека во таа насока е многу реализирано, но и дека допрва ќе се превземаат мерки.

 

-Јас досега имам направено се што е во моја моќ за подобрување на животната средина.  Не велам дека е се идеално, не постои таква општина во која се е идеално.Воздухот е загаден повеќе од 70 години во Скопје. Претходната влада купи мерни станици. Ние изградивме многу паркови, расчистивме депонии, не верувам  дека тоа е доволно. Кандидатите на СДСМ за секоја општина викаат дека таа општина е најзагадена во Европа. Интензивно работиме на решавање на тој проблем. Јас не верувам во инстант решение, дека тоа некој може веднаш да го реши. Треба сите да се вклучат сите чинители. СДСМ обвинуваат за загаден воздух, а во ребалансот на Буџетот немаат ниту еден денар за подобрување на животната средина. Ние во општина Аеродром имаме преку 20 милиони евра вложено во паркови, канализациоа мрежа, депонии претворивме во прекрасни паркови. Ќе продолжиме со работа во таа насока. Треба да се развие свеста кај граѓаните, да не се користат толку многу автомобилите, туку да се користи јавниот превоз, истакна Коневски.

Марин рече дека негово решение за овој проблем со загадувањето е набавка на автобуси и најава за гасификација.

Коневски истакна дека овие проекти веќе се реализирани во градот Скопје.

-Беа набавени 300 нови автобуси кои користат еко гориво. Гледам во новата програма на градоначалникот на Скопје ќе набавува електробуси. Владата во таа насока многу направи, вклучувајќи ја и гасификацијата на Клинички центар. СДСМ ја злоупотребува оваа тема. Со ребалансот на Буџетот не предвиде ниту денар за намалување на загадувањето, рече Коневски.

Актуелниот градоначалник на општина Аеродром и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција, Коневски, посочи дека единствено што СДСМ направи додека е на власт е фактот што протестираа самите против себе за загадувањето.

 

 

 

02.10.2017 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега