Митевски на средби со жителите на Косевица

Кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од ВМРО ДПМНЕ, Дарко Митевски одржа трибина во селото Косевица при што најави поголем број проекти од неговата предизборна програма за овој дел од општината.

– Село Косевица ќе добие силна општинска поддршка. Косевица и Луковица ќе бидат поврзани со асфалтен пат, а нови локални патишта ќе се изградат до маалите Караџевци, Горанци, Паши, Врбаци, Паровци, Бошнаци и Горно Чукаревци. Старата училишна зграда ќе биде реконструирана и пренаменета согласно со потребите на жителите. Ќе биде обезбедена поддршка за земјоделците, жителите кои припаѓаат на некоја од ранливите категории ќе добијат социјални монтажни објекти за домување, а ќе биде изграден и комплетно нов водоснабдителен систем, истакна Митевски.

Проектот за поставување на големи контејнери за отпад, рече, ќе биде продолжен во село Косевица. Потенцира и дека со воведувањето на бесплатниот јавен превоз се појави и потребата од поставување на постојки и оти тоа ќе биде направено и во ова село.

 

 

 

03.10.2017 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега