Димитровски: Има конкретни планови и проекти кои директно влијаат на подобрување на животот на граѓаните во Кочани

Кај нас постои девиза, ветуваме-реализираме. Тоа што го ветуваме го исполнуваме, за сето тоа сите ние самите сме сведоци, сето тоа што го реализираме на територијата на општина Василево е всушност Вашиот глас, Вашата програма. Програмата на општина Василево ја креирате токму Вие. Така ќе биде и во оваа програма, сето она што вие го баравте ќе биде реализрано. Ќе ги подобриме сите сфери и области, истакна Ратко Димитровски кандат за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Домот на културата во населено место Нова Маала ќе добие нова слика, стариот културен дом ќе биде потполно реконструиран и адаптиран во спортска сала за спортување на најмладите и одвивање на наставата по физичко воспитување. Проектот изградба на систем за фекална канализација за Василево ќе биде главен и основен приоритет во реализацијата на нашите идни проекти, со што населеното место Василево ќе добие комплетен систем за фекална канализација. Согледувајќи ја реалната слика и Вашата потреба драги мои сограѓани и населените места Радичево и Владиевци ќе добијат исто така систем за фекална канализација, а во Пиперево ќе биде изграден и вторит крак за одведување на отпадни води, истакна Димитровски

Тој додаде и дека веднаш по изборите ќе биде отпочнато со изградба на систем за фекална канализација за Едрениково каде што сите постапки се веќе завршени.

-Центарот на Василево ќе добие Булеварско решение, ќе биде потполно реконструирана централната улица во Василево со пешачки патеки од двете страни и канделабри за осветлување. Поврзувањето на патот Чанаклија – Нова Маала ќе биде комплетно реализиран а ќе биде потполно реконструиран и проширен патниот правец Старо-Владиевци – Ново Владиевци. Свој нов локален пат ќе добијат и граѓаните на населено место Сушево со реконструкцијата на патот Владиевци – Сушево. Културниот дом во Василево ќе добие нов лик, ќе биде потполно реконструиран за поребите на сите граѓани. Развојот на економијата ќе продолжиме да го развиваме со проширувањето на индустриските зони кои се бренд на општина Василево. Да продолжиме да ја развиваме општина Василево заеднички, да ја направиме општината да биде модерна и современа и да биде топол дом за сите Вас мои сограѓни, истакна Димитровски.

 
 

 

 

03.10.2017 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега