Чичаковски: Да престанат инцидентите меѓу кандидатите и партиите

-Државната изборна комисија најостро ги осудува сите досегашни инциденти во пресрет на локалните избори што ќе бидат одржани на 15 октомври. Тие го нарушуваат демократскиот амбиент и изборниот процес во Република Македонија и треба да престанат, се вели во изјавата на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Тој во изјавата ги потсетува кандидатите за градоначалници и советници, како и политичките партии кои тие ги претставуваат дека потпишаа Кодекс за фер и демократски избори со што се обврзаа дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење и дека ќе придонесуваат за демократски развој на општеството. Со потпишувањето на Кодексот и самите партии се обврзаа пред граѓаните на Р. Македонија дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат овој Кодекс.

-Секое насилство, инцидент, непочитување на политичките опоненти во изборниот процес, е спротивно на Кодексот, на законите, правилата и прописите на Република Македонија кои се релевантни за изборите. Во името на ДИК, би сакал да испратиме повик до надлежните институции кон расветлување на овие немили инциденти, кон казнување на сторителите. Но пред се да упатиме повик до сите политички партии да придонесат кон смирување на страстите, да влијаат на своите членови и кон спречување на било какво идно насилсво или инциденти, се вели во изјавата.

 

 

 

03.10.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега