Станков: Ќе работиме на развој на руралниот туризам

Кандидатот за градоначалник на општина Зрновци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска најави нови туристички содржини по течението на река Зрновка, како услов за развој на руралниот и полчанински туризам.

- Добар дел од проектите кои се лоцирани по кањонот на Зрновска река се однесуваат на изградбата на трип патека, на велосипедска патека во должина од 4 километри, како и оплеменување на неколку природни пештери во планинатата Плачковица. Тие ќе овозможат развој на планинарството и спелеологијата. За авантуристите ќе поставиме челични јажиња со придружни содржини, истакна Станков.

Тој најави и приомена на секундарната водоводна мрежа во Зрновци која е застарена и се губат големи количини на вода.

- Со новата техничка документација која е веќе изготвена водоводот во Зрновци ќе добие висока, средна и ниска зона, со квалитетно водоснабдување. Ќе се направи и реконструкција на Домот на културата во село Висовиште, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО- ДПМНЕ за градоначалник на општина Зрновци. 

 

 

 

03.10.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега