Трајановски: Електрични автобуси за ЈСП, субвенции за еколошки возила за почисто Скопје

Намалувањето на загаденоста на воздухот е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во таа насока предвидени се голем број на проекти во повеќе области коишто се директно поврзани со оваа појава.

Сообраќајот е еден од најголемите причинители на загадувањето на воздухот во Скопје и во новата изборна програма 2017-2021 предвидени се поголем број на проекти во оваа област.

Деталите за овој проект денеска на прес-конференција ги соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски.

– Сообраќајот е еден од поголемите фактори во загадувањето на воздухот во Скопје, а ние како локална самоуправа треба да помогнеме за намалување на загадувањето, пред се преку поддршка и модернизација на јавниот превоз. Досега ние реализиравме голем број на проекти поврзани со модернизација на јавниот превоз, а секако најважниот проект беше набавката на 300 нови автобуси за ЈСП. Ние ќе продолжиме во оваа насока, па за таа цел предвидуваме неколку мерки за модернизација на возилата на сите кои учествуваат во системот на јавниот сообраќаен превоз во Скопје. Првата мерка е набавка на 20 нови двојни (хармоника) електрични автобуси, кои се еколошки и не го загадуваат воздухот. Со втората мерка, за првпат, ќе ги вклучиме и приватните превозници во автобускиот сообраќај, каде ќе доделуваме до 10 илјади евра за купување на автобуси со ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандард, или поставување на уреди на гас во автобусите. Со третата мерка ги опфаќаме и авто-такси превозниците во Скопје, каде ќе доделуваме субвенции во износ до 3000 евра за купување на електрични возила. Со реализацијата на овие проекти сметаме дека ќе добиеме модерен и еколошки јавен превоз во Скопје и дека сериозно ќе го намалиме загадувањето на воздухот – кажа Трајановски.

Со реализацијата на овој проекти ќе се добие нов модерен јавен превоз, превоз кој е еколошки и не го загадува воздухот, а со тоа и директно ќе се влијае во насока на намалување на загадувањето на воздухот.

 

 

 

03.10.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега