Шилегов: Со пазарџиите и граѓаните ќе работиме за подобри услови на Бит пазар

 Она што го почнавме на 11 декември заеднички да го реализираме и на локално ниво, со цел да се стави ред и во трговијата и во функционирањето на пазарите во Скопје. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов кој го посети Бит пазар.

- На Бит пазар се сретнавме и со продавачите и со купувачите. Благодарност до еснафот на пазарџии, кој овозможи една ваква средба. Денес на пазарот се сретнавме со граѓаните на Скопје, кои што се од двете страни на тезгите. Разговаравме и за проблемите на пазарџиите и за проблемите на граѓаните кои што треба да ги платат средствата за да ја набават робата, изјави Шилегов. Додаде дека го понудиле нивниот план за инфраструктура на пазарите во Скопје.

Тој потенцира дека се работи за добро испланиран план кој ќе го реализираат заедно, трипартитно и стопанисувачот на пазарот и градоначалникот и комората на пазарџии.

- Низ чаршијата разговаравме која е потребната инфраструктура на пазарот, за да може да го направиме приодот на луѓето и подобар и поквалитетен, поедноставен и не со ваков хаос што владее, со цел да се одржи континуитетот на традицијата на Бит пазар, како едно култно место во Скопје. И да ги вратиме луѓето внатре во Скопската чаршија, не само странските, туку и домашните гости, рече Шилегов. 

 

 

 

03.10.2017 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега