Захариев: 1000 куќи за млади брачни парови ќе се градат во Штип

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев кој е и актуелен градоначалник, денес најави нов проект.

Проектот се однесува на станбена изградба и изградба на куќи за млади до 35 години.

-Припремаме урбанистичка документација за изградба на 1000 куќи во нашиот град кои ќе бидат наменети за сите млади брачни парови до 35 години и ќе бидат лоцирани во населбата Баби и во населбата Три чешми. Во Три чешми ќе бидат распоредени кај стадионот кон аеродромот Сушево и од црквата Свети Илија  кон градот, а во населбата Баби ќе бидат лоцирани под филтер станицата. Големината на плацовите ќе биде од 250 до 300 метри квадратни, цената ќе биде по едно евро за метар квадратен или по плац 250-300 евра, рече Захариев.

Тој потенцира дека општината ќе ги ослободи овие млади лица од плаќање на комуналии. Според него, новите 1000 куќи ќе бидат за брзо време изградени во градот.

 

 

 

03.10.2017 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега