Заев: Заедно ќе работиме за Студеничани да стане напредна и развиена општина

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги посети жителите на село Батинци, во општина Студеничани и им порача дека заслужува поквалитетни услови за живот, стопирање на иселувањето и шанса секој млад човек да ја гради иднината во својот роден крај.

-Студеничани ни е сликата за Македонија, симбол на мултиетничноста. Овде блика различноста што е богатство на Македонија. Студеничани ќе се развива рамномерно како и сите други општини во Македонија. Јас и целата Влада ќе застанеме зад сите капитални проекти овде, заеднички со новата локална власт ќе изградиме инфраструктура, градинка, училиште, водоводни, атмосферски и канализациони мрежи со кои ќе го подобриме животот на сите. Заеднички и јас, и вие ќе се бориме општина Студеничани да ја направиме напредна и развиена општина, општина по мерка на вас граѓаните, истакна Заев.

Тој напомена дека е потребна силна поддршка за кандидатот Акија Мустафовски и советничката листа предводена од СДСМ и коалицијата за да се завршат промените што започнаа на парламентарните избори минатата година, да продолжат и на локално ниво.

 

 

 

04.10.2017 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега