Коневски: Детска градинка и парк во Ново Лисиче

Денеска почнуваме со промоција на проекти од изборната програма во Ново Лисиче, каде предвидовме изградба на нова детска градинка во рамки на градинката „Буба Мара“, вели Ивица Коневски кандидат за градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Изградбата на новиот објект подразбира изградба на 8 занимални и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 250 деца.Реализацијата на овој проект ќе се спроведе веќе наредната 2018 година изврши, се разбира доколку ја добиеме довербата на граѓаните и за таа намена од Буџетот на Општина Аеродром ќе одвоиме 45.000.000 денари, вели Коневски.

-Исто така, би сакал да нагласам дека во овој дел од општината, поточно покрај ФФМ во програмата предвидовме и изградба на еден од најголемите паркови во Република Македонија. Овие два и сите други проекти ќе ги реализираме со помош на Советот на Општината и затоа е важно граѓаните да ја дадат довербата и на кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, вели Коневски.

 

 

 

04.10.2017 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега