Трпковски: Граѓаните ќе имаат можност да ги поддржат напредокот и развојот на Општина Сопиште

  

Во изминатите четири години максимално се вложивме за изградба на нашата општина Сопиште. Нашата цел беше решавање на напластените проблеми преку вложување во инфраструктурата, изградба на патишта, зафаќање на нови извори, изградба водоводна и канализациска мрежа. Наша цел беше облагородување на просторот со нова урбана опрема, забавни паркови за најмладите и спортски терени, истакна на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски.

Трпковски вели дека на локалните избори граѓаните имаат можноста за избор, да ги поддржат напредокот и развојот.

 

-Директно да донесете одлука за тоа во какво место сакате да живеете. Во мојата програма ќе видите проекти од секоја сфера на општественото живеење, а што е во рамките на финансиските можности. Отворање на детска градинка во населено место Сопиште, изградба на фекална канализација за населено место Ракотинци. Со реализација на проектот канализација Ракотинци освен што ќе се реши одводнувањето на отпадните води за ова населено место, истиот ќе го намали и процентот на лизгање на теренот кој е главен проблем за жителите од Ракотинци, вели Трпковски.

Планирана е целосна реконструкција на подрачното училиште во Чифлик, отворање на приватен мултимедијален центар, отворање на туристички центар на локацијата Рудина, изградба на примарен крак од Усјански канал до црквата Св. Мина во населено место Сопиште кој ќе овозможи зафаќање на отпадните води од ул. 24, ул. 22 и дел од ул. 1 од Сопиште како и развој планот Трапје, изградба на водоводен систем Патишка Река. Со зафаќање на водите од Патишка Река истата ќе се искористи за водоснабдување на десет населени места од општина Сопиште.

Трпковски вели дека се планира изработка на детален урбанистички план „Трапје“.

-Со урбанистичкото уредување на просторот со викано место Трапје во Сопиште ќе се овозможи развој и проширување на пазарот со недвижности. Изградба на резервоар за вода во населено место Нова Брезница, асфалтирање на ул. 35 во населено место Сопиште, асфалтирање на ул. 4 во населено место Долно Соње, асфалтирање на ул. 4 во населено место Добри Дол, вели кандидатот за градоначалник.

Трпковски нагласува дека тие не ветуваат дека преку ноќ ќе направиме чуда, но тоа што го ветуваат го исполнуваат, со напорна и посветена работа, со вложување во решавањето на проблемите на граѓаните.

-Ние не говориме измислени работи, туку за конкретни проекти, голем дел од нив предложени од самите граѓани, видливи, со прецизна динамика на нивната реализација, со рокови кон кои се обврзуваме. Така ќе биде и овој пат. Тоа е тоа што не прави поинакви од другите, вели кандидатот за градоначалник.

 

 

 

 

04.10.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега