Марин: Аеродром ќе стане општина која ќе овозможи поддршка за сите ранливи категории

Во следните четири години Аеродром ќе стане општина која ќе овозможи поддршка и услови за сите ранливи категории граѓани. Ќе работи на инклузивност во образовниот процес и ќе изгради Центар за згрижување лица со попреченост, изјави кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, Златко Марин.

„Досега општина Аеродром не се ангажира да им обезбеди простории прилагодени за подобрување на нивните вештини, образование, здравствена нега, квалификации кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството. Новата локална власт ќе адаптира детски игралишта за деца со попреченост, сензорни соби во склоп на градинките, детски игралишта за инклузивност, пристапни рампи во училиштата, како и соодветни пристапи до сите јавни објекти“, рече Марин.

Тој додаде дека ќе иницира помош за лица жртви на семејно насилство во урбаните и руралните заедници и интензивно ќе работи на надминување на предрасудите и стереотипите во односите меѓу мажите и жените.

„Ќе понудиме поддршка на активности во детските градинки и училиштата во општината што ќе овозможат сензитивност за родовата еднаквост уште од најмала возраст и ќе воведеме финансиска поддршка на почетните инвестиции на социјални претпријатија основани од млади жени до 30 години“, рече Марин.

Тој вети и изградба на нова амбуланта во населба Лисиче. 

 

 

 

04.10.2017 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега