Трајановски: Нови патеки и субвенции за 10.000 велосипеди за скопјани за подобра велосипедска метропола

Унапредувањето на условите за велосипедистите и користењето на велосипедот како рекреативно и превозно средство е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во таа насока предвидени се голем број на проекти во повеќе области коишто се директно поврзани со оваа појава.

Деталите за овој проект денеска на прес-конференција ги соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски.

– Унапредување на условите за велосипедистите во Скопје продолжува и понатаму и во мојата изборна програма се предвидени голем број на проекти кои ќе се реализираат во наредните четири години. Најважен од нив е продолжувањето на изградбата на повеќе од 20 километри нови велосипедски патеки, каде најмногу ќе се фокусираме на поврзување на Кисела Вода (Рута 3), како и Бутел и Чаир (Рута 4) со централното градско подрачје и останатите општини. Покрај овој проект, но наредните 4 години ќе се реализираат и други проекти за унапредување на условите за користењето на велосипедот како превозно и рекреативно средство, како што се продолжувањето на доделувањето на субвенциите за купување на 10.000 велосипеди на граѓаните, поставување на нови паркинзи за велосипедите, како и унапредување на постојаниот систем за изнајмување на велосипеди на ЈП „Градски паркинг“ со имплементирање на нови, софистицирани системи за самоизнајмување на велосипеди – кажа Трајановски.

Градот Скопје пред 2 години го започна најголемиот проект поврзан со велосипедската инфраструктура изминативе 50 години, а тоа е проектот „Скопје Велоград“ со кој е предвидена реконструкција и изградба на над 52 километри велосипедски патеки. Досега целосно се завршени Рутите 1 и 2, поврзувајќи ги со нови велосипедски патеки Гази Баба-Центар-Карпош и Аеродром-Центар-Карпош-Ѓорче Петров.

Трајановски кажа дека со реализацијата на овие проекти, значитено ќе се подобрат условите и ќе се зголеми користењето на велосипедот, кое ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, намалување на загадувањето на воздухот, а со зголемената физичка активност ќе се подобри и здравјето на скопјани.

 

 

 

04.10.2017 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега