Шилегов: Младите претприемачи ќе бидат ослободени од плаќање фирмарина во првите две години (видео)

„Еве сме денеска во скопската општина Шуто Оризари да ја пренесеме пораката дека на 15 октомври, сите општини во градот Скопје, ќе мора да живеат подеднакво, затоа што сите граѓани треба да живеат подеднакво- Изјави денеска Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Мерките кои што ги носиме со програмата Живот за сите, ќе дадат повисок стандард и поквалитетно живеење. Остануваме доследни на нашата одлука да создадеме услови кои што ќе обезбедат повеќе пари за граѓаните, повеќе средства за младите, повеќе средства за малите бизниси.

Со покачувањето на минималната плата отворивме спиралата за зголемување на платите. Таа тенденција ќе ја продолжиме и на локално ниво.

И овде во Шуто Оризари да се почувствуваат мерките, да се почувствува животот за сите во оваа општина. Нашата Програма овозможува директна поддршка за домашните фирми, за малите и за средните претпријатија, какви што овде ги има најмногу. Обезбедуваме повеќе пари во општините, во градот Скопје, за да се отворат повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин, за локален развој.

Младите претприемачи, кои што ќе одлучат да започнат бизнис ќе бидат ослободени две години од плаќање комунална такса кон Градот Скопје. На тој начин ќе обезбедиме директна помош за овие луѓе.

Ќе обезбедиме можности во новиот Центар за помагање на мали бизниси, за започнување на бизнисот, за започнување на сопствена работа со која што програма ќе ги поттикнеме младите да започнат сопствен бизнис, сопствена бизнис идеја, со обука и помош за остварување на тие дејности.

Со победата на 15 октомври веднаш ќе ја вклучиме бизнис-заедницата во дефинирање на приоритетите на градот. Посветената и одговорна работа ќе носи пари директно кај граѓаните.

Ве повикувам на 15 октомври сите заедно да гласаме за промени на локално ниво, за да обезбедиме повисок стандард и поквалитетен живот за сите во Скопје“, изјави Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

 

 

 

04.10.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега