Груевски: Eкономијата секојдневно тоне, на 15-ти октомври ќе започне тргањето на ова помрачување

Гледаме дека секојдневно тоне економијата. 4 ипол месеци исклучиво негативни резултати во економијата. На 15 октомври народот ќе го каже и своето мислење за помрачувањето во економијата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг во Ресен.

-Почнете од намалениот извоз, јули со јули минатата година извозот се намали за 12 %. Најнов податок денеска е дека извозот во август е намален за 8 ипол проценти во однос на август минатата година. Не е само извозот, намален е БДП за 2%, намалено е индустриското производство, намален е прометот во индустријата за 9,1%, просечната плата која ветуваа дека ќе биде 500 евра, е намалена за 420 денари како просечна плата, намалени се девизните резерви за 172 милиони евра, рече Груевски и додаде дека тоа се работи кои се помрачувања во економијата.

 

„Немаат никаков фокус на економијата, зборуваат со негатива кон инвеститорите, затоа што во оваа нова влада има газди на фабрики и нив не им одговара да дојдат нови фабрики и да им ги превземаат работниците. И за ова народот ќе се го каже мислењето на 15 октомври. Овие избори се локални, ќе се одберат градоначалници, но овие локални избори се и шанса и време на Македонија да и се случи почеток на заминување на ова помрачување“.

 

 

 

04.10.2017 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега