Заев во Шуто Оризари: Го враќаме животот за сите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот митинг во скопската општина Шуто Оризари ги повика жителите од оваа општина да се придружат на севкупната победа во Република Македонија која носи живот за сите.

„Па нели е доста? Премногу години поминаа... Предолго бевте злоупотребувани за изборни потреби, од ваши сограѓани кои работеа за туѓи интереси, а вас ве заборавија. Изминативе 11 години Шуто Оризари е единствена Општина во Европа каде Ромската заедница е мнозинство. Оваа уникатна можност не смееме да дозволиме да ја пропуштиме. Да покажеме дека во Македонија се живее сложно, и се работи поинаку, во интерес на граѓаните, на сите“, рече Заев.

Кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов им најави на жителите на Шуто Оризари дека со нив нема да бидат само пред избори, постојано ќе го слушаат нивниот глас и ќе работат за нив. 

„Тука ќе бидеме и утре, ќе бидеме и наредниот месец. Секогаш ќе биде тука за вас. Скопје ќе стане град кој ќе работи со вас. Нема веќе да бидете понижувани, нема веќе да бидете деградирани. Вашите проблеми и барања ќе бидат наша обврска“, рече Шилегов.

 

 

 

04.10.2017 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега