Груевски од Битола: Ние имаме кредибилитет да ветиме 150.000 нови работни места

Јас знам дека Битола и цела Македонија на 15 октомври покрај тоа што ќе гласа за градоначалници ќе знае дека кога го дава гласот за градоначалникот и кога го дава гласот за советничката листа го дава и за новата ера за Македонија, за новата визија, за новото утро, порача вечерва од Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Потенцира дека гласот се дава за нови 150.000 работни места.

 

-Гласот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, гласот за Зоран Илиоски и за советничката листа истовремено ќе биде глас и за 150.000 нови работни места во наредната деката во Република Македонија. Спуштање на невработеноста под 10 проценти, 6, 7 или 8, но под 10 проценти невработеност во Република Македонија. Како што е во другите развиени држави, посочи Груевски.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ има кредибилитет да вети такво нешто, бидејќи откако дојдоа на власт невработеноста од безмалку 40 отсто била намалена на 22,5 проценти.

Груевски рече дека во новата ера се предвидува за ¾ намалување на сиромаштијата во Македонија.

-Се планира преполовување невработеноста кај младите луѓе со носење на инвеститори од надвор и со помагање на нашите за отворање на нови работни места. Двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со свој дом, нагласи Груевски.

Посочи дека во наредната декада е предвиден просечен економски раст од околу 4 отсто.

-Тоа ќе значи истовремено, два и пол пати поголем приход по жител. Односно, од сегашните 5.000 приход годишно по глава на жител просечно, да нарасне на крајот на следната декада на над 12.000 долари по глава на жител во просек, појаснува Груевски, додавајќи дека тоа би значело два и пол пати повисок стандард.

Вели дека во новата стратегија е предвидено Македонија да има најниски даноци во светот.

 

 

 

04.10.2017 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега