Груевски со младите и УМС на забава на Широк сокак

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по синоќешниот голем митинг на партијата во Битола заедно со младите од овој град и Унијата на млади сили (УМС) присутвуваше на забава на Широк сокак, во друштво и на кандидатот за градоначалник, Зоран Илиоски.

Токму Илиоски во вчерашниот свој говор вчера потенцирапе дека Битола го гледа како град на млади луѓе кои се убедени оти токму таму ќе ја градат својата иднина.

 

-Во нашиот фокус се првенствено младите луѓе кои ќе ги задржиме во Битола со обезбедување работа, пристоен дом и квалитетни услови за живот. Досега се покажа дека невработеноста се намалува преку директни домашни и странски инвестиции, затоа инвестициите во индустриската зона Жабени ќе бидат главниот мотор за локален економски развој на Битола. Во идниот мандат, наместо нови населби за мигранти ќе создадеме услови за нови евтини куќи за нашите деца. Ќе направиме и целосна промена на сообраќајниот режим, ќе воведеме еднонасочни улици во центарот на градот, ќе изградиме нови три кружни тека, три нови велосипедски патеки, истакна Илиоски.

 

 

 

05.10.2017 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега