Ѓорѓиевски: Куманово ќе добие две нови детски градинки, ќе се проширува капациетот на уште една, ќе се гради мини детско игралиште

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски продолжува да ја промовира својата програма пред граѓаните на оваа општина. Тој денеска најави дел од програмата која се однесува на изградба на детските градинки во Општина Куманово.

-На локалитетот во училиштето Тони Сордомис, на просторот позади спортската сала има простор кој е предвиден со нашето доаѓање на власт, да биде претворен во детска градинка, која е потреба на сите млади жители во околината каде што е сместено училиштето. Тоа ќе биде еден од проектите кои треба на тоа поле да бидат реализирани, изјави Ѓорѓиевски

 

Тој најави дека освен оваа детска градинка која треба да има мегу 150 и 200 места, ќе има градинки во населбата Карпош, во населбата Перо Чичо и проширување на капацитетите на постоечката градинка во населбата Гоце Делчев.

-Освен тоа во малиот дел на слободен простор во училишниот двор, ќе има мини детско игралиште, едно од проектот на 50 мини детски игралишта во Општина Куманово. Ќе можеме комплетно за најмладите наши сограѓани, да им го исполниме слободното време и здравото детство, изјави Ѓорѓиевски.

 

 

 

05.10.2017 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега