Илиоски: Реконструкција и опремување на Противпожарната единица во Битола, обука на доброволци

Во програмата за локални избори имаме конкретни и реални проекти, подготвени и базирани на истражување  и искуство и со реална реализација, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Битола, Зоран Илиоски.

Од областа на противпожарната заштита во неговата програма има два проекти кои се поврзани со директна финансиска помош.

-Едниот проект е за реконструкција на зградата на Противпожарната единица во Битола со надградба, овозможување на услови за подобро функционирање и работење. Вредноста на овој проект е 12 милиони денари. Вториот дел од помошта за функционирање на привопожарната единица во Битола е купување на опрема во вредност од 12.300.000 денари, рече Илиоски.

Ќе опфати трет сегмент, односно ќе се помага и доброволното служење на противпожарната единица со ангажирање на доброволци кои ќе бидат и обучени, а ќе се користат особено за шумски пожари да има помош од граѓаните кои сакаат да помогнат.

 

 

 

05.10.2017 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега