ВМРО-НП: Нашиот став е јасен- целата поддршка на овие локални избори ја даваме на кандидатот Зоран Илиоски и ВМРО-ДПМНЕ

Ставот на општинското раководство на ВМРО-НП е јасен и целата поддршка на овие локални избори ја даваат на кандидатот Зоран Илиоснки и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

-Александар Делов, носител на листа на Павле Трајанов од последните парламентарни избори и Кире Климевски, шеф на изборниот штаб на Љубе Бошковски поддржани од неколку членови на ВМРО-НП организирале приватна забава на која искажале поддршка на СДСМ. Ставот на општинското раководство на ВМРО-НП е јасен и целата поддршка на овие локални избори ја даваме на кандидатот Зоран Илиоски и партијата ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО-НП.

ВМРО Народна партија и претходно соопшти дека на локалните избори ќе го поддржат кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, како и советничката листа од таа партија.

-Првата причина е што мислиме дека е добро за демократијата во Република Македонија да нема апсолутна власт една политичка партија. Втората причина е многу поважна, а тоа е дека ние сметаме оти Зоран Илиоски како кандидат за градоначалник и иден градоначалник ќе биде досега најдобриот појавен во овие 27 години во Град Битола, истакнаа од ВМРО-НП.

 

 

 

 

05.10.2017 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега