Заев: Се надминуваат проблемите, следува доградба на гимназијата во Тетово и ново основно училиште во Мала Речица

„Денеска сме во Тетово каде што е отворена дебата околу недостигот на капацитети во училиштата, особено во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ која е многу важна гимназија во градот, но има проблем со недоволно простор. Се работи за не толку сериозен зафат за доградба на училишната зграда и убеден сум дека во соработка помеѓу локалната и централната власт проблемот наскоро ќе се надмине, оваа гимназија ќе добие надградба и доградба на објектот.“ порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во изјава за медиуми по денешната посета на Тетово.

Претседателот Заев истакна дека освен решавање на проблемот со гимназијата и повторна интеграција на учениците во Тетово се работи и на проект за ново основно училиште во Мала Речица, бидејќи околу 1.000 ученици се приморани секојдневно да патуваат надвор од своето село за да посетуваат настава затоа што во селото нема основно училиште.

„Проектот за ново основно училиште во Мала речица е подготвен, има одобрение за градба и тоа училиште ќе биде дел во Буџетот за 2018 година во делот на капиталните инвестиции кои се во надлежност на државата и уверен сум дека наскоро и Мала Речица ќе добие основно училиште“ порача претседателот на СДСМ.

Претседателот Заев порача дека покрај инвестициите во обазованието, продолжуваат и капиталните прокети што се започнати и важни за граѓаните на Тетово, а особено важно е тоа што сите непродуктивни трошоци што биле наменети за нешто што не е од значење за граѓаните, сега се префрлаат во капитални инвестиции како училишта, градинки, патишта и водоводи со што се подобруваат условите за живот на сите граѓани.

 

 

 

05.10.2017 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега