Партиите ги претставуваат програмите: ВМРО-ДПМНЕ во Крушево и Прилеп, СДСМ во Македонски Брод и Кичево

 

Партиите, коалициите и независните кандидати и денеска на митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места, ги претставуваат изборните програми за локалните избори закажани за 15 октомври годинава.

Изборниот карван на коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Пласница и митинзи во Македонски Брод и Кичево.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Долнени и Кривограштани и митинзи во Крушево и во Прилеп.

Демократската унија за интеграција ќе одржи митинг во Сарај, а движењето „БЕСА“ ќе има средба со граѓани во Студеничани.

Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот, а почна на 25 септември. Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот. 

 

 

 

06.10.2017 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега