Денеска ќе бидат промовирани кандидатките за градоначалници

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија денеска организира промоција на кандидатките за градоначалнички.

На промоцијата поканети се кандидатките за градоначалници, носителките на советнички листи, пратениците и генералниот секретар на Собранието, како и претставници на Секторот за еднакви можности на Министерството за труд и социјална политика, Македонското женско лоби, Националниот совет за родова рамноправност, меѓународните организации и дипломатските претставништва. бак/дма/07:23

 

 

 

06.10.2017 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега