Затворена границата кон Грција

 

Поради штрајк на грчките царински служби денеска ќе биде во прекин сообраќајот на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Границата ќе може да ја поминат само пешаци. Како што соопштија од МВР, на Граничниот премин Богородица прекинот ќе биде 24-часовен, и почнува денеска во 6 часот, исто како и на Граничниот премин Меџитлија, каде прекинот е најавен од 6:30 часот. На Граничниот премин Стар Дојран прекинот во сообраќајот на границата ќе биде само денеска од 5 до 23 часот. 

 

 

 

19.10.2017 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега