Полициско возило удри во велосипед - многу сообраќајки во Скопје

Возач на патничко возило и мотоциклист биле потешко повредени во две од вкупно 13 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум полесно биле повредени осум лица, а четири поминале со материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои четворица возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи почетници сториле прекршоци по разни основи, како и 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле 49 непрописно паркирани возила.

 

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 56 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Јахија Кемал“, кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

 

 

 

19.10.2017 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега