Богдановиќ од денес е градоначалник на Центар

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска го прими уверението за избор на градоначалник од Општинската изборна комисија, со што седна во градоначалничката фотелја.

Богдановиќ им се заблагодари на сите досегашни советници и им го честиташе изборот на новоизбраните.

- Му се заблагодарувам и на мојот пријател, Андреј Жерновски. Ќе разменуваме искуства за да ги продолжиме сите отпочнати процеси во општина Центар. По долго време, имавме фер и демократски избори. Се сеќаваме како се одвиваа изборите во 2013-та, но и тогаш граѓаните успеаја да се изборат за вистинската опција. Волјата на граѓаните никој не може да ја оспори - изјави Богдановиќ.

 

 

 

25.10.2017 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега