Шилегов од денес е градоначалник на Скопје

Новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник Коце Трајановски.

– По долги години успеавме Скопје да го вратиме на граѓаните. Скопје повторно ќе биде град на хуманоста и град на солидарноста. Македонија конечно доби главен град којшто ќе ги поврзува граѓаните и ќе работи за нив. Новата градска администрација што ќе ја предводам, ќе го продолжи принципот на одговорност, инклузивност и отчетност што го воспостави Владата предводена од СДСМ. Ќе работиме во интерес на сите граѓани без разлика на нивното место на живеење, нивната етничка или партиска припадност, истакна Шилегов, пренесе А1.он.

Коце Трајановски беше градоначалник осум години.

 

 

 

25.10.2017 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега