Се продолжи рокот за даночни пријави

 

Поради технички проблеми и отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и  сметководителите дека рокот од  25 октомври 2017 година за поднесување на ДДВ-04 пријавата ќе биде продолжен.

Во соопштението наведуваат дека во моментот кога ќе се отстранат техничките пречки во ИТ системите,  Управата за јавни приходи дополнително ќе информира за достапноста на системот е-Даноци и за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата.

 

 

 

25.10.2017 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега