Ѓорчев: Ги имавме најнасилните избори

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денес даде своја анализа за политичките случувања во Македонија. Тој беше гостин во „Алфаскоп“.

– Имаме ситуација каде што Македонија е вратена 20 години наназад. Во Скопје е како во 1995-та, 1996-та и 1997-ма година со јавната безбедност односно небезбедност. Во Скопје се враќаат бандите, во Скопје се враќа рекетирањето како и низ цела Македонија. Имаме ситуација каде што никогаш во изминативе 27 години немало помалку кандидати на локални избори. Внимавајте, после 27 години демократија во Република Македонија имаме ситуација каде што во 36 општини има само двајца кандидати. Никој друг не се ниту осмелува да се кандидира во 36 општини првенствено во Источна Македонија, пелагонискиот крај, скопските општини каде што е натпреварот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Условно кажано во албанскиот дел, во оние општини каде што се Желино, Боговиње каде што повеќе се присутни албанските партии, таму има демократија. Таму има 3, 4 или 5 кандидати. Но таму каде што СДСМ “практицира“ демократија, живот и слобода таму никој не се ни осмелува дури ни да се кандидира. Само кандидати на ВМРО-ДПМНЕ решија да му парираат на СДСМ. И тие кандидати беа понатаму шиканирани, репресирани, следени. Ги имавме најнасилните избори во изминативе 27 години по сите параметри, анализира Ѓорчев.

 

Тој вели и дека одлуката на Управниот суд и покрај толку нерегуларности да нема никаде прегласување е базирана на општата атмосфера на страв која владее во Македонија. Порачува дека атмосферата на страв не може да победи и дека незадоволството ќе биде насочено кон Владата.

Ѓорчев истакна дека во моментов на гласачите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ им се врши огромен притисок и закани од страна на СДСМ за да не излагаат на гласање во недела, а ако тоа го направат им се заканува отказ.

-Имаме ситуација каде што власта во моментов во секоја втора куќа имаат ветено вработување. Ќе поминат неколку месеци, луѓето ќе видат дека се излажани. Со ветувањата на СДСМ сме вратени во 2002-ра година на 15-ти септември со „По еден вработен во секое семејство“. Со безбедноста, со пуштање на Красниќи, Бајруш, уште 1000 луѓе, ние ќе бидеме вратени во ситуација каде што ќе има масовно разбојништво по куќи и автомобили, ќе има небезбедност за младите… Тоа го направија Зоран Заев и СДСМ само за да добијат гласови, порача Ѓорче.

 

 

 

25.10.2017 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега