Начинот на кој сите го готват оризот е опасен за вашето здравје

Еден од најчестите начини за готвење на ориз е и најопасниот кој го зголемува ризикот од здравствени проблеми.

Милиони луѓе секој ден го ризикуваат своето здравје со погрешниот начин на готвење на ориз, особено ако таа храна често се наоѓа на нивната трпеза, предупредуваат научниците.

Неодамна едно истражување покажало дека со честата метода на готвење ориз – во сад со зовриена вода додека таа не испари, оние кои го јадат се изложуваат на траги од отровниот арсен. Тој го контаминира оризот за време на неговото одгледување, а е резултат од индустриските токсини и пестициди.

Арсенот, па дури и во мали количини, се поврзува со зголемен ризик од срцеви болести, дијабетес и рак, како и проблеми во развојот и е најопасен за децата, предупредува Енди Мехарг, професор по биолошки науки на Универзитетот во Белфаст, пишува Express.hr.

Тој ги тестирал различните начини на готвење ориз за да открие кој од нив е најздрав. Во првиот метод ставил една чаша ориз и две чаши вода и водата испарила за време на готвењето – вака најчесто го готвиме оризот. Тој открил дека со овој метод во оризот останал најмногу арсен.

Во вториот метод ставил една чаша ориз и пет чаши вода и го исфрлил вишокот на вода, а нивото на арсен се преполовило.
Во третиот метод оризот се готвел така што се потопувал во вода од претходната вечер, а наутро се миел сè додека водата не станела чиста и потоа се варел – на тој начин уделот на токсините се намалил за 80 проценти.

Истражувањата на европскиот пазар откриваат дека дури 58 отсто од производите со ориз содржат високо ниво на арсен, па се препорачува оризот секогаш претходно да го потопите и да го измиете, бидејќи со тоа ќе се намали веројатноста за штетни последици по здравјето.

 

 

 

25.10.2017 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега