Ново задолжување: Продадени државни записи за 71,58 милиони евра

Министерството за финансии на аукцијата одржана денес издаде државни хартии од вредност во износ од 4.402,36 милиони денари (71,58 милиони евра).

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 3.017,69 милиони денари со камата од 1,8 отсто, двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 317,00 милиони денари со камата од 2,10 отсто, тригодишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 537,00 милиони денари со камата од 2,35 отсто и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 530,67 милиони денари со камата од 3,80 отсто.

Утре Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 4.113,44 милиони денари (66,88 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во календарот на државни хартии од вредност.

Разликата од 288,92 милион денари (4,69 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во буџетот на Македонија, соопштија од Министерството за финансии. 

 

 

 

31.10.2017 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега